Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Како ќе изгледа ВМФЛ-Запад ?
Како ќе изгледа ВМФЛ-Запад ?

Како ќе изгледа ВМФЛ-Запад ?

Полека но сигурно се формираат табелите за новата натпреварувачка сезона во Вторите лиги. Вардар за прв пат во својата историја ќе настапува во Втората по ранг фудбалска лига, а таму ќе има и добро друштво. Денес отпадна и Силекс, па така овие две екипи повторно ќе водат фудбалски битки, но овој пат во ВМФЛ-Запад.

Освен нив две, тука ќе бидат и екипите на Тетекс од Тетово, потоа ГФК Охрид, Кадино oд Скопје, Велешта, Гостивар, Кораб, како и две екипи од баражот, од Третата лига.

Вардарци ќе сакаат експресно да се вратат во Првата лига, но задачата нема да биде ни малку лесна. Првиот тим обезбедува директно враќање во елитата, додека пак вториот ќе игра бараж за влез во Првата лига.