Навистина убава вест пристига до нашиот црвен-црн сајт, момците од кугларскиот клуб Вардар годинава во октомври ќе учествува на “Светскиот куп“ во Болчано-Италија. Избраниците на Димитровски Драги оваа сезона освоиа две втори места во македонското куглање, тие беа вице-шампиони во Купот на Македонија и во Македонската кугларска лига. Шампионот кугларскиот клуб Макпетрол се одлучи да учестувава на НБЦ-купот кое е трето по квалитет натпреварување во кугларска Европа, па ни се отвори шанса да го одбереме овој најсилен собир.
Лани по првата година постоење во ваков формат на црвено-црниот кугларски колектив обезбедивме како побединци во Купот во куглање пласман на НБЦ-купот во Австрија каде имаше неколку поранешни европски шампиони. Таму остваривме успех и се пласиравме во првата половина од 24 екипи учеснички на истиот. Годинава вардарци се решија за настап на “Светскиот куп“ во Италија, тоа место каде ќе се појават 14 најдобрите екипи на планетата, односно шампионите кои најдобри во 14 европски земји. Голема привилегија да се појави Македонското знаме на овој Куп и црвено-црните играчи на нашиот Вардар на истиот. Ние од редакцијата Вардар фанс им изразуваме поддршка и им посакуваме голем успех на нашите вардарци на ова натпреварување.
место каде ќе се појават 14 најдобрите екипи на планетата