Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски ќе атакува на личен рекорд на 5.000м на финалниот Куп за сениори-2016 во Охрид
АТЛЕТИКА! Завировски ќе атакува  на личен рекорд на 5.000м на финалниот Куп за сениори-2016 во Охрид

АТЛЕТИКА! Завировски ќе атакува на личен рекорд на 5.000м на финалниот Куп за сениори-2016 во Охрид

 Атлетската федерација на Македонија  заедно со  АК Охрид  ќе бидат организатори на Финалето на Купот на Македонија за СЕНИОРИ-КИ за 2016 година, кое ќе се одржи сабота и недела на 28-29 Мај 2016 год, во Охрид. Оваа атлетска манифестација за место на одржување го одбра градот  Охрид, поточно Стадион (СРЦ Атина Бојаџи ). Истата ќе се одржи на 28 и на 29 Мај 2016 година .

Нашиот црвено-црн атлетичар Петре Завировски кој својте подготовки во изминатите денови ги пресели во Велес, ќе земе учество на оваа атлетска манифестација и ќе ги брани боите на вардаровиот атлетски колектив. Тој ќе настапи на делницата во должина од 5.000 метри на оваа трка во “Македонскиот Ерусалим“. Завировски е во план да го нападне своето најдобро време на оваа дистанца истрчано во септември 2013 година. Нашиот атлетичат тогаш зад своето име го впиша својот најдобар резулат на оваа дистанца, 17:23.

Тој последниот официјален настап го имаше на “Скопкскиот маратон“ кој се трчаше низ улиците на метрополата. Тогаш  го истрча третиот најбрз полумаратон во кариерата 1:18:51 со што се пласираше на 8 позиција во генерален пласман 5 меѓу Македонците. Ова е најбрз полумаратон за Вардарецот во последните 2 години, 22 годишниот Вардаровиот маратонец доживува вистинска “ренесанса“. Оваа трка ја истрча со константен ритам. Последните 5км од трката беа неговите најбрзи километри.