Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Денес нов натпревар против ЖРК Металург за Вардарки
Денес нов натпревар против ЖРК Металург за Вардарки

Денес нов натпревар против ЖРК Металург за Вардарки

Маратонот на натпревари за ЖРК Вардар продолжува. По вчерашната убедлива победа над Пелистер, денеска шампионките на Македонија ќе одиграат нов, предпоследен натпревар во оваа натпреварувачка сезона во Супер лигата на  Македонија.

Нашите девојки од 12 часот и 30 минути во Спортската сала во Автокоманда ќе го одиграат овој натпревар, против градскиот ривал Металург. Овој натпревар Вардарки доколку го добијат, ќе им направат голема услуга на колешките од Вардар Јуниор, кој моментално се на третата позиција на табелата, но со победа над Куманово и со две победи на ЖРК Вардар против Металург ќе дојдат до втората позиција на табелата.