Националната селекција до 14 години, која пред нешто помалку од еден месец во свој поширок состав ја започна новата генерација на проектот на ФИБА „Заедно до М16“ претстојниот август ќе земе учество на меѓународниот турнир кој традиционално се одржува во Словенија, насловен како “Slovenia Ball“. Подготовките ќе започнат на 1. август (среда) со почеток во 12:00 часот во малата сала на „Кале“.
Нашата национална селекција ќе биде сместена во групата „А“ заедно со селекциите на Хрватска, Унгарија, Русија и домаќинот Словенија. Тоа ги остава селекциите на Бугарија, Израел, Италија, Црна Гора и на Украина во групата „Б“.
Првиот натпревар ќе го одиграме в четврток (23. август) со почеток во 11:15 против Словенија. Истиот ден во 18:00 часот ќе се надигруваме со соодветната селекција на Хрватска. В петок го отвораме вториот ден на натпревари со Русија, в 9:00 часот додека во 14:30 ќе се надигруваме со Унгарија. Последниот ден (26. август) ќе бидат одирани натпреварите за пласман. На списокот на повикани кошаркарски надежи имаше место за Мартин Оровчанец од КК Вардар.
СПИСОК НА КОШАРКАРИ ПОВИКАНИ ЗА ПРВ СОБИР
1. Теодор Симиќ КК Водно санс
2. Марко Трифуновски КК Водно санс
3. Мартин Ѓорѓиовски КК Работнички
4. Лука Џинес КК МВП Струмица
5. Рубин Стефанов КК Ефес Турција
6. Теодор Гудев КК Ролинг
7. Бојан Стојановски КК МЗТ СА
8. Мартин Оровчанец КК Вардар
9. Ненад Јовановиќ КК Стела Азура
10. Бојан Николовски КК ФМП Академија
11. Ненад Благоевски КК ФМП Академија
12. Лука Димитриевски КК Пинк пантери
13. Ѓорѓи Ташев КК Феникс 2010
14. Стефан Дуковски КК Феникс 2010
15. Петар Бошалевски КК АВ Охрид
16. Виктор Стојковски КК Водно санс
17. Петар Башовски КК Водно санс
18. Ристе Буклишев КК ФМП Академија