Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > На денешен ден 12. јули пред една година, Вардар одигра одличен меч со Малме
На денешен ден 12. јули пред една година, Вардар одигра одличен меч со Малме

На денешен ден 12. јули пред една година, Вардар одигра одличен меч со Малме

На денешен ден 12. јули пред една година, Вардар ги започна натпреварите во квалификациите за Лигата на шампионите. На денешен ден нашиот тим одигра одличен дуел со фаворизираниот тим на Малме од Шведска и си замина дома сo 1:1. Седум дена подоцна со победа во Струмица, нашиот тим се пласираше во второто коло. На крајот, за Вардар ова беше едно долго успешно европско лето. Се надеваме дека и денеска Вардар ќе одигра одличен натпревар во Ереван и ќе донесе позитивен резултат во Скопје.

МАЛМЕ – ВАРДАР    1:1 (0:0)

12.07.2017 год. Стадион: „Сведбанк“ во Малме. Гледачи: 20.058.

Судија: Торвадур Арнасон (Исланд).

Стрелци: 0:1 Николов 63’, 1:1 Брорсон 75’

Ж. Картони: Левицки (М) – Барсегјан, Грнчаров, Фелипе, Николов, Гачевски (В).

МАЛМЕ: Виланд, Тимерхолм, Нилсен, Брорсон, Конате (65’ Еикрем), Ракип (65’ Сванберг), Кристијансен, Левицки, Јотун, Цибицки (85’ Берквист), Бергет.

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири, Спировски (78’ Којашевиќ), Фелипе, Исени (46’ Глигоров), Николов, Барсегјан (72’ Блажевски), Балотели.