Данило Бала утринава се качи на авион во Бразил и заедно со неговиот менаџерски тим „летна” за Скопје каде во попладневните часови се очекува и да пристигне.
Бала е осмото интернационално засилување во редовите на Вардар, тој ќе чека неговиот тим да го мине Пјуник и да заигра во второто квалификациско коло против Тобол. Бала игра на десната крилна позиција и треба да биде од голема помош не само за настапиве во Л.Е, туку и во новата сезона во ПМФЛ.
Бала утре ќе ги има задолжителните медицински тестови.