На денешен ден пред две години, екипата на ФК Вардар на арената “Филип Втори“ одигра натпревар од 2. квалификациско коло во Лигата на Шампионите против екипата на Динамо Загреб. Тој дуел му припадна на шампионот на Хрватска, кој славеше среќно со резултат 1:2, а стрелец на единствениот гол за црвено-црните беше Ховханес Хамбарџумјан. Големи шанси за постигнување гол имаа Петковски и Балотели, кои ја погодија пречката како и Којашевиќ кој шутираше во стативата од противничкиот гол.