БК Вардар ова зимо додатно ги засили своите редови за што веќе објавивме информации. Продолжуваат активностите пред новата натпреварувачка сезона.
На еден ден пред почетокот на Натпреварувачката сезона, на еден ден пред одржувањето на Државното Првенство за сениори. Претседателот свикува Редовно Собрание за сите членови на БК Вардар на 26.јануари 2024 год. со почеток во 16:30 часот. Каде има обемен дневен ред по чие завршување ќе се дефинираат работните тела, ќе се усвојат извештаите од претходно и ќе дефинираат целите и начинот на финансирање и фунционирање за идниот период.
Во Кочани на 27 јануари 2024 планирано е да се одржи Сениорското Државно Првенство на кое се очекува да настапат сите Македонски клубови во полн состав, каде што од црвено-црниот табор очекуваме висок пласман .