БК Вардар најави дека денес, четврток (16/03/2023) дел од нивниот тим патува на Европското превенство во борење за У-23 во Букурешт, Романија, односно во составот на македонската репрезентација во слободен стил биле повикани 57 кг Аид Салихаси и 86 кг Адам Модосјан.
„Можеа да настапат уште двајца вардарци до 70 кг Марко Андонов и 79 кг Марко Поповиќ, но поради многу оправдани и неоправдани причини останува да настапи на Европското првество најподготвениот Адам Модосјан. На првенството во Букурешт 16-19 март како поддршка ќе отпатуваат вардарови тренери и спаринг партнерот, помладиот брат Рубен.
Инаку, Адам по Државното првенство подготовките ги спроведе во Скопје спарингувајќи со репрезентативците Шаќир Бислими и Реџеп Хајдари, а завршните подготовки ги продолжи во Сочи со руската сениорска репрезентација .
Се надеваме на наклонет жреб и да оствариме висок резултат и успех- велат од Вардар.