Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките домаќини на ЖРК Чаир во сабота
Кадетките домаќини на ЖРК Чаир во сабота

Кадетките домаќини на ЖРК Чаир во сабота

Кадетките на ЖРК Вардар овој викенд ќе одиграат дуел во рамки на Групата-А, на програмата е 10.коло, на истото избраничките на Анжела Платон и Марија Папуџиева се домаќини.

Натпреварот на црвено-црните девојки против тимот на ЖРК Чаир од Скопје е закажан за задутре, сабота (18,март). Оваа средба ќе играме во салата „Круме Кепески“ во скопската населба Кисела Вода со почеток во 13 часот и 30.минути.