Боречкиот клуб Вардар е формиран 1960 година и може слободно да се каже дека е еден од оние клубови што постигнале одлични резултати и од чиј редови излегле голем број на државни репрезентативци. Овој клуб бил член на првата сојузна боречка лига и со години бил шампион на Југославија и учесник на голем број мегународни натпревари. Под раководство на нашиот познат тренер Бојан Рангелов,кој со успех ја водел екипата,и денес се постигнати извонредни резултати и во поединечна конкуренција. Треба да се истакне дека нашиот клуб,го даде и првиот олимпиец. Борче Димовски бил учесник на Олимписките игри во Мексико. Исто така треба да се истакне и успехот на еден од нашите најдобри борачи од тоа време,покојниот Сефер Салиловски,кој донесе бронзен медал од Европското првенство.
Борче Димовски беше учесник и на светското првенство каде што во една од најсилните конкуренции го освои четвртото место,па така таа година стана и спортист СР Македонија. Тефик Демири исто така беше учесник на Европското првенство во Манчестер каде го освои третото место и бронзениот медал. Инаку наспатувајќи за Југославија следниве наши борачи се закитија со балкански прваци (медали): Борче Димовски, Тефик Демири, Сефер Салиовски, Чедо Николовски, Мирко Димчевски, Ацо Јордановски, Душко Живковски и Ристо Дарлев.