Thursday ,12 December 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Никола Димитров: Можевме подобро, но и третото место е успех
Никола Димитров: Можевме подобро, но и третото место е успех

Никола Димитров: Можевме подобро, но и третото место е успех

Трето место за младинците на РК Вардар Јуниор во лигата за натпреварувачката сезона 2015/16. Избраниците на Зоран Петковски во регуларниот дел од сезоната завршија на второто место во својата група,  забележувајќи 8 победи, 1 нерешен резултат и 1 пораз. Единствено РК пролет 62 во овој дел од сезоната успеа да ни одземе бодови. Впечатоците од изминатата сезона во младинската лига можете да ги прочитате од крилото на Вардар Јуниор-Никола Димитров.

-Оваа сезона беше доста напорна со јаки тренинзи и многу подготовка за завршниот турнир во младинската лига. Во регуларниот дел ги добивме сите мечеви со исклучок на гостинскиот натпревар против Пролет 62, на кој имавме многу лош ден и оној со нерешен резултат во Јане Сандански. Ги добиме исто така и дерби натпреварите со Металург и со успех го завршивме тој дел од натпреварувањето.

Малиот број на одиграни натпревари си го направи своето. Црвено-црните немаа силни мечеви, во пресрет на завршниот турнир на четирите најдобри екипи. Таму во полуфиналето наидоа на Металург 2, кој цела сезона настапуваше во супер лигата. Во борба за третото место ја победивме Преспа и така го освоивме бронзениот медал.

-На завршниот турнир кој се играше во нашата сала Кале во полуфиналето се сретнавме со далеку повозрасниот и поискусен тим на Металург 2. Мислам дека можевме подобро, но сепак тие се поголеми играа повеќе натпревари од нас и тука имаа предност, која на крај се покажа како пресудна за тоа кој ќе биде шампион во младинската лига. Во борба за третото место ја победивме Преспа и со триуф ја завршивме сезоната што исто така е успех, изјави Никола Димитров за нашиот сајт.

Звонко Ивановски