Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Даниел Ѓорѓески: Тоа беше мојот сон, повторно да бранам за најдобриот Македонски клуб
Даниел Ѓорѓески: Тоа беше мојот сон, повторно да бранам за најдобриот Македонски клуб

Даниел Ѓорѓески: Тоа беше мојот сон, повторно да бранам за најдобриот Македонски клуб

Полека почнува да се склопува составот на РК Вардар Јуниор за следната натпреварувачка сезона. Нов голман за црвено-црните ќе биде Даниел Ѓорѓески, кој доаѓа од екипата на Работнички, каде бранеше изминатава сезона во супер лигата. Тој имаше одлични настапи во оваа екипа, а Вардар се реши да го врати повторно во своите редови, откако Даниел бранеше за МРК Вардар во сезоната 2009/10. Вардар Фанс го исконтактира Даниел, кој ни го потврди доаѓањето во најголемиот клуб во Македонија.

-Ме исконтактираа од клубот, со што јас со задоволство прифатив да бидам дел од Вардаровото семејство. Голема е честа да играш во најдобриот клуб во Македонија. Ова е голем чекор за мојата понатамошна кариера и за развој како играч. Повторно ќе ја имам можноста и честа да работам со тренерот Стојан Петрушевски. Се работи за добар човек, педагог и тренер од кој може многу да се научи.

Половина од составот на РК Вардар Јуниор ќе биде составен од играчи кои напрвија голем успех во првата ракометна лига, освојувајќи го второто место. Иако не успеаа во бараж мечот против Борец, голем дел од нив ќе имаат можност да заиграат во супер лигата. Сигурно дека ќе останат и ракометари кои беа дел од Јуниор во оваа натпреварувачка сезона.

-Екипата на Вардар Јуниор ќе биде подмладена со квалитетни играчи, а ќе останат и некои кои настапуваа оваа сезона во супер лигата. Ќе биде тоа еден добар тим, кој се надевам дека ќе се бориме за првите четири места на табелата кои водат во плејофот на најсилната супер лига. Морам да кажам дека сум среќен што се враќам во Вардар. Тоа беше мојот сон, повторно да бранам за најдобриот Македонски клуб, изјави Даниел Ѓорѓески за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски