Вчера во кугларницата „Мусандра“ се одигра дуел од 9.коло во Македонската кугларска лига, на истиот Вардар (Б) беше домаќин на дамите од ЖКК Пелистер. Очекувано дојдовме до победа на оваа средба.
Истата беше остварена со резултат 7-1, ние соборивме вкупно 3097 „дрва“, имавме 17 сета наспроти 7 на противничкиот тим. Кај нас најдобар скор имаше капитенот Влатко Стојаноски (544), втор резултат впиша сеуште актуелниот кадетски шампион од пред 2 години ( во меѓувреме немаше ново напреварување) Митиќ Мартин со 531 „соборено дрво“.
Тимот на Вардар(А) во ова иста рунда, во понеделник од 17-30 против тимот на ЖКК ГТЦ Мусандра.