Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање: Вардар-А подобар од својот Б-тим во 7.коло
Куглање: Вардар-А подобар од својот Б-тим во 7.коло

Куглање: Вардар-А подобар од својот Б-тим во 7.коло

Во рамки на 7.коло од македонската кугларска лига (МКЛ), се одигра братското дерби, КК Вардар-А одигра дуел со тимот на Вардар-Б. Првиот тим очекувано на оваа средба дојде до победа со резултат 7-1.

Првиот тим на натпреварот одигра во кугланата „Мусандра“ во Градскиот трговски центар во Скопје, беше подобар во сетови 20-04  и во „дрва“ со 3343 спрема 3021. Димитар Димитровски беше најдобар на цел дуел со 600ка, а Дарко Димитровски собори 581 кај „А-тимот“. Во поразената екипа прв резултат имаше Столе Ѓорѓиевски (526) кој и единствен поентираше од вториот тим.