Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Дојдете да му дадеме голема поддршка на Вардар да се врати на врвот
Дојдете да му дадеме голема поддршка на Вардар да се врати на врвот

Дојдете да му дадеме голема поддршка на Вардар да се врати на врвот

Денес во скопската населба Автокоманда со почеток од 13-30 часот се игра дербито на Втората фудбалска лига, дербито за врвот и првото место помеѓу нашиот Вардар и тимот на Воска од Охрид.

Овој дуел не само што е дерби дуел, туку е и од големо значење за нашиот тим, да победи, да оствари победа на дерби натпреварот, да се врати на врвот на табелата и да им ја подигне самодовербата на нашите играчи. Затоа, дојдете сите во Автокоманда, да му дадеме голема поддршка на нашиот тим, па сите заедно да се радуваме на голема победа и три бода.

Уште еднаш апел до сите љубители на фудбалот и поддржувачи на ,,црвено – црните” бои, дојдете за неколку часа и да уживаме во добра фудбалска претстава на нашиот тим и победа.