Единствениот „блесок“ на неготинци беше стартот од мечот кога поведоа со 2-0 и сè потоа очекувано беше во знакот на црвено-црните, кои со серија од 12-3 дојдоа до предност од 12-5, па до двоцифрените 17-7 пред крајот, за на полувреме да имаат плус седум (18-11). Во вториот дел, Вардар Неготино успеа да даде само осум гола, од кои само пет беа до шест минути пред крајот, за разлика од вардарци кои ја наполнија мрежата за убедливата победа.
Јан Чувара со осум гола беше прв стрелец, Марко Мишевски и Куни Моралес дадоа по четири. Кај Вардар Неготино, четворица дадоа по три гола како најефикасни – Тошев, Ѓорѓев, Орешков и Митревски.