Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Вардар: Имаме големи очекувања од утрешниот кугларски Куп
Вардар: Имаме големи очекувања од утрешниот кугларски Куп

Вардар: Имаме големи очекувања од утрешниот кугларски Куп

Кугларскиот клуб на својата официјална страница пред утрешниот настап во Купот и по крајот на МКЛ излезе со изјава во која се вели:

Сезоната 2022/2023 на МКЛ која беше 9-та за нашиот клуб, официјално заврши и еден краток осврт за неа.
КК Вардар А заврши на второто место во МКЛ, што за нас е долен праг на успех. Она што не радува е враќањето на еден најдобрите куглари во македонската историја, Димитар Димитровски во нашиот состав и веднаш ја покажа својата кугларска светска моќ како убедливо прв играч на МКЛ, неколку скалила над останатите.
Мора да се спомене дека во ниеден момент од двете полусезони не бевме комплетни во состав кој го замислувавме да граби по шампионската титула. Во првиот дел фалеше Дарко Димитровски и Георг Поп Крстев, во вториот дел Коста Манев, Милош Миливојевиќ и Георг Поп Крстев.
Сума сумарум, делумно успешна сезона за Вардар А.
Вардар Б имаше свои сјајови и падови, заврши на до некаде очекуваното 6 место.

Останува да се одигра утрешниот КУП каде секогаш имаме високи очекувања. Настапуваме со двете екипи.

Еден живот, една љубов!