Нема многу време одмор за екипата на РК Вардар која веќе во недела (09.04) гостува кај екипата на Пролет, на натпревар од 7.коло во Плеј-Оф на Супер лигата.
Натпреварот во недела ќе се одигра во спортската сала „македонско сонце“ со почеток од 12:00 часот. Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Марјан Начевски.
После поразот од Алкалоид, црвено-црните немаат веќе право на грешка доколку сакаат да ја одбранат шампионската титула.