Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > KK Вардар 14.место на НБЦ Купот
KK Вардар 14.место на НБЦ Купот

KK Вардар 14.место на НБЦ Купот

 Вардар 14-то место на 20-от куп НБЦ, трето по квалитет, но и најмасовно меѓународно кугларско натпреварување, кое се одржува во Клуж, Романија. Во конкуренција на 25 екипи од 14 држави,  вардарци урнаа 3.557 кегли (Пецо Димовски 595, Димитар Димитровски 644, Коста Ристевски 553, Костадин Манев 602, Драги Ѓорѓиовски 575 и Дарко Димитровски 588 кегли).

Вардар, пак, досега учествувал во сите три можни купа, а настапите на Светскиот куп му се особено драги. Пред да одат во Романија, на меч во Бачка Топола, Србија, поставија нов неофицијален клупски рекорд од 3.645 соборени кегли. Стариот изнесуваше 3.608.

– Во моментов ова е реална слика. Да бевме во комплетен состав, ќе бевме некое место погоре. Сепак, сметам дека покажавме солидна игра, имаме капацитет за повеќе, но тоа е една игра и треба сите коцки да се поклопат за да се оствари многу повисок пласман – вели Дарко Димитровски.