Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Градското фудбалско дерби кај помладите пионери заврши без победник
Градското фудбалско дерби кај помладите пионери заврши без победник

Градското фудбалско дерби кај помладите пионери заврши без победник

Градското дерби кај помладите пионери заврши без победник. Генерациите 2007 на Вардар и Работнички одиграа со нерешен резултат 2:2.

Двете екипи можеби се задоволни од конечниот исход на натпреварот. Работнички имаше предност од 0:2 на полувреме, но сепак Вардар успеа во вториот дел да врати со два гола и на крајот да се избори за бод, иако немаше да биде незаслужено ако вардарци направија и целосен пресврт на натпреварот.

Работнички постигна два гола, по наше невнимание во одбраната, едноставно му поклонивме два гола на противникот, среќа на крајот што успеавме да се вратиме од негативата. Првиот гол се случи после недоразбирање на нашиот голман со стоперот, при вториот погодок невнимание во дефанзивната линија што резултираше градскиот ривал да има предност од два гола на полувреме. Што се однесува до нашиот состав во првиот дел, имавме свои обиди преку Атанасовски и Смиљков кој беше прекраток со глава после центар шут од прекин.

310250609_133609699426125_7138706597373954355_n 311330114_133609659426129_5383558151404159714_n

Во вториот дел, тренерот Стојковски направи вкупно четири измени, што резултираше со враќање во игра на нашите помлади пионери. Нововлезениот Шаботиќ се обиде со удар од 20-сетина метри, одбрани голманот на гостинската екипа, за во следната акција противничкиот после наш центар шут од прекин да си постигне авто гол, па резултатот во тие моменти гласеше 1:2. Вардар целосно тргна во атак кон противничкиот гол, што резултираше со израмнување, тргна акција од Злате Радески кој додаде одлична топка до Емир Шаботиќ, кој успеа да го совлада гостинскиот голман и да израмни на 2:2.

310840387_133609612759467_4686367246809749583_n

Веднаш имавме и нова прилика преку Радевски кој од 10-сетина метри биеше над голот, додека најголемата шанса ја пропуштивме во последните две минути од натпреварот и тоа двојна прилика за вардарци. Се играше акција од десната страна, кога најпрво биеше Шаботиќ, за да одбрани голманот, на одбиената топка стигна Марко Крстевски и тој биеше од непосредна близина, но чуварот на мрежата на Работнички спаси негатива за својот тим. На крајот конечни 2:2 на натпреварот од 4.коло во Помладата Пионерска Супер Лига.

Вардар: Лука Јаневски, Мичо Поповски (К), Лука Атанасовски, Филип Смиљков, Марко Крстевски, Фуад Керими, Петар Котевски, Петар Давитов, Михаил Јорданоски, Златко Радески и Филип Дамевски.

Играа уште и Алексеј Ивановски, Иван Блажевски, Емир Шаботиќ и Гоце Трајчевски.