Во рамки на 11.коло во македонската кугларска лига во 11.коло своите сили ги одмерија двата тима на кугарскиот тим Вардар, сосема очекувано тимот „А“ беше подобар на резултатски план од Вардар-Б.
Вардарци одиграа интересен меѓусебен натпревар во кој го доби А-тимот со максимални 8-0 во поени, во сетови 20-04, а во “дрва“ беше 3356 наспроти 3011. На овој натпревар се одигра и најдобрата партија на сезоната на еден куглар, рекорден резултат, а кој друг ако не Димитровски Димитар. На натпреварот кој се одигра во кугларницата „Мусандра“ во ГТЦ Скопје, собори неверојатни 638 „дрва“ имаше соборено 408 на “полни“ и 230 на „чистење“. Честитики за еден ваков вонсериски настап на вардаровиот претседател. Втор најдобар скот во победничкиот тим имаше Пецо Димовски со 568 „соборени дрва“.