Вчера во Сараево, на ЕП (Б-дивизија) во дуелот од 1/4-финалето со 71-74 нашите репрезентативни кадети запишаа победа над Романија и се пласираа во полуфиналето од Европското првенство.
Кадетите самоуверено го започнаа натпреварот, наметнувајќи му двоцифрена негатива на противникот рано во натпреварот. Следеше мал пад на концентрацијата и помала реализација на поени, но кошаркарите на Романија не успеаја да ја анулираат нашата негатива. По четвртини дуелот течеше вака: 18:25, 15:17, 15:10, 23:22. Вардарецот Марко Величковски во овој дуел одигра 12:43 минути, постигна три поени, на што додаде две асистенции и два скока. Селектор на оваа успешна селекција е Александар Јованчев, тренер од редовите на црвено-црниот тим.
Со победата, кадетите се пласираа во полуфиналето каде не очекува соодветната репрезентација на Босна и Херцеговина. Натпреварот е закажан за денес (17. август) со почеток во 18:45часот, пласман во најдобрите три селекции на овој шампионат носи место во првата дивизија идната сезона.
Во рамки на второто полуфинале ќе се пресметаат Русија и Чешка