Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Куглање > Куглање! Пауза овој викенд во МКЛ, вардарци одиграа екипен натпревар (ФОТО)
Куглање! Пауза овој викенд во МКЛ, вардарци одиграа екипен натпревар (ФОТО)

Куглање! Пауза овој викенд во МКЛ, вардарци одиграа екипен натпревар (ФОТО)

Викендов има пауза  во Македонската кугларска лига, според планот 9.коло е на програмата идниот викенд на 18-ти фебруари.  Вардар поради одложениот натпревар минатото коло дома со екипата на битолска Хераклеа се најде во ситуација да половина месец биде без натпревари. Сепак таа “дупка“ во натпреварувачкиот ритам ја “пополни“ тренерот Драги Димитровски кој на последниот тренинг им закажа тимски натпревар на момците.

3

Тие одиграа меч помеѓу себе на последниот тренинг во кој се натпреваруваа помеѓу себе со цел да ја оддржат натпреварувачката форма и кондиција. На истиот “гостин“ беше Бојан Влаќевски поранешниот играч на вардарци кој зимово замина да игра во хрватската прва кугларска лига. Наскоро тимот ќе ја добие новата опрема со “ребрендираното“ лого кое пред неколку дена го преставивме токму ние на јавноста-види.

4

Следен меч на нашите момци во 9.коло идната сабота е тој со екипата на 18 Август. Ние во овој дуел сме гости, но и фаворити за победа. Евентуалниот триумф против претпоследната екипа во МКЛ ќе биде прва победа на црвено-црните во оваа 2017 година.