Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тренерот на загребчани, Ивандија: Вардар е една од најквалитетните европски екипи, но не се непобедливи
Тренерот на загребчани, Ивандија: Вардар е  една од најквалитетните европски екипи, но не се непобедливи

Тренерот на загребчани, Ивандија: Вардар е една од најквалитетните европски екипи, но не се непобедливи

Вечерва повторно ќе можеме да гледаме европски шампионски ракомет во Скопје. На програмата е мечот меѓу македонскиот шампион Вардар и шампионот на Република Хрватска тимот на  ППД Загреб.  Загребчани победија на мечот кој се играше во првиот круг, ние сме желни за одмазнички триумф со кој  ќе се искачиме на самиот врв во групата Б со 14 бодови. За овој дуел кормиларот на гостите, тренерот на ППД Загреб, Силвио Ивандија го вели следното:

Tие се  една од најквалитетните екипи во Европа, но, откако јас сум тренер во два наврати славевме против нив и така се уверивме дека и таква екипа, која има неверојатно квалитетни поединци, има свои слабости и дека не се непобедливи. Во однос на поразот од Металург мораме да поправиме некои работи. Во прв ред тоа се однесува на транзицијата во играта, значи контрата и полу-контрата треба поквалитетно да се реализираат. Златко Хорват е подобро и одработи еден тренинг со нас. Се надеваме дека последниот тренинг ќе го одработи и Дарко Цингесар, додека, пак Лука Шебетиќ го изгубивме на подолг период, а со нас нема да биде ниту Ловро Јотиќ. Така да постојат одредени објективни проблеми во соблекувалната. Тоа што е важно е играчите да сфатат дека само како колектив можеме да парираме на Вардар и тоа е што очекувам од нив на мечот. Што се однесува до противникот, треба да се повтори дека тие се многу незгодни во транзиција каде што имаат брзи крила, дека имаат одлични ‘мотори’ во екипата во нашите дечки Лука Циндриќ и Игор Карачиќ. Од десно ни се закануваат Македа и Душебаев, а од лево Борозан и Деревен. На голот ги имаат Ангелов и Штербик, па ако почнеме да набројуваме, тогаш тие имаат по три квалитетни ракометари на секоја позиција.