Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Три младински екипи на ФК Вардар утрово заминаа на подготовки во Охрид
Три младински екипи на ФК Вардар утрово заминаа на подготовки во Охрид

Три младински екипи на ФК Вардар утрово заминаа на подготовки во Охрид

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар утрово заминаа за Охрид каде во наредните денови ќе го одработат главниот дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тоа се генерациите родени “2002“, “2003“ и “2004“ година. Според планот најдолго односно девет дена е предвидено да остане генерацијата “2002“ на Петар Ѓоргиески, додека помладите генерации “2003“ на Томче Трајановски и “2004“ на Ане Андовски вкупно седум дена.

Во изминатиов период тренираа на теренот на Академијата, додека од денес ќе имаат можност да работат во Охрид. Момците од “2003“ со максимален број на освоени бодови го завршија есенскиот дел во регионалната лига, додека екипата родени “2002“ завршија на второто место со само еден пораз кој беше загубен со службен резултат. Двете екипи пак на генерацијата “2004“ станаа есенски шампиони во детската лига без ниту еден изгубен бод.