Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Милер: Во недела ни доаѓа Вардар, кој заедно со Ѓер ја имаат една од најсилните екипи во Европа
Милер: Во недела ни доаѓа Вардар, кој заедно со Ѓер ја имаат една од најсилните екипи во Европа

Милер: Во недела ни доаѓа Вардар, кој заедно со Ѓер ја имаат една од најсилните екипи во Европа

Утре на програмата е нов натпревар од третото коло во женската лига на шамиони за екипата на Вардар. Избраничките на Дејвис ќе имаат гостување во Германија на екипата на Турингер. Црвено-црните ќе се обидат да ја продолжат серијата на победи и да се зацврстата на првото место на табелата. Задачата нема да биде лесна бидејќи имаме незгоден противник во името на Турингер. На истиов терен каде ќе се игра утрешниот меч, Турингер има една победа додека еден меч завршил со нерешен резултат во дуелите со нашиот шампион. Во пресрет на овој натпревар нивниот тренер Херберт Милер најави дека во недела им гостува една од најдобрите екипи во Европа.

-В недела ни претстои еден тежок натпревар против Вардар, кој заедно со Ѓер ја има една од најсилните екипи во Европа. За нив настапува најдобрата ракометарка за 2013 година, Андреа Лекиќ, еден од најдобрите леви бекови во светот, Андреа Пенезиќ, а исто така ги имаат Камила Херем и најдобрата голманка Амадин Лејно. Речиси да не може да се најде слабост, бидејќи се силни на сите позиции. Нашите навивачи ќе бидат почестени со одличен натпревар, а ние се надеваме дека ќе пружиме достоен отпор. Сепак, фаворитската улога е кај Вардар, но нема да се предадеме, особено не на домашен терен“.