Следи речеси едномесечна пауза на возбудувањата во Македонската кугларска лига, време кое ќе ги опфати новогодинешните и божиќните празнувања. На програмата следно не очекува четвртото натпреварувачко коло од МКЛ, во кое нашите црвено-црни куглари ќе играат в гости и ќе треба да се сретнат со тимот на Кк ГТЦ.
Дуелот со скопскиот ривал Кк ГТЦ е наше трето гостување во четвртото коло од домашната лига, на првите две гостувања имавме одличен настап и издвојувавме две исклучително убедливи победи. Мечот со КК Гтц е закажан според натпреварувачкиот календар за на 23 јануари. Истиот има термин на одигрување во 10-00 часот, а местотот на одигрување е кугларницата „Мусандра“ во скопскиот градски трговски центар. Во истото коло, тој ден ќе се сретнат и двата тима со нула бодови досега екипите на 13 Август со тимот на Империал Тобако, а актуелниот шампион Кк Макпетрол ја пречекува битолска Хераклеа. По ова следи дербито во 5.коло со тимот на Макпетрол, кое за нашите момци е вистинска шанса со победа да си го отворат патот кон титулата. Сега сме на првото место со максимални 6 бода колку што има и тимот на Макпетрол по одигрувањето на трите воведни кола. Самиот стратег на клупата на црвено-црните Драги Димитровски во изјава за нашиот сајт рече дека токму дуелот со Макпетрол ќе го реши т.н Есенски шампион и ќе може да го трасира патот кон освојувањето на првата првенствена титула за КК Вардар во МКЛ.