Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Познати противниците во групата на Фк Вардар генер. “2006“ ,на турнирот “Гази Баба 2015“
Познати противниците во групата на Фк Вардар генер. “2006“ ,на турнирот “Гази Баба 2015“

Познати противниците во групата на Фк Вардар генер. “2006“ ,на турнирот “Гази Баба 2015“

Во периодот од 25-27-ми декември во спортската сала на училиштето “Наум Наумовски- Борче“ во населбата Маџари ќе се одигра младински фудбалски турнир за генерации родени “2005“ и “2006“ година. На него учество ќе земат и екипите на Вардар во двете категории. Во двете генерации екипите ќе бидат поделени во четири гурпи, составени од три екипи. Само првите пласирани од сите гурпи ќе имаат можност да играат во полуфиналните натпревари.

Фк Вардар генерација “2006“ предводена од тренерот Игор Кралевски ќе се бори за петтиот последователен трофеј од младинските турнири кои се одржуваат во Македонија. Веќе е позната и групата во која ќе играат и противниците кои треба да се победат за да се стигне до полуфиналниот дуел. Црвено-црните ќе бидат во група со екипите на Фортуна и Нови Лисици. На овој турнир Вардарци ќе бидат ослабени поради неиграњето на првиот голман на оваа генерација. Се работи за перспективниот Андреј Данстак кој во петок заминува за Австралија. Така тренерот Кралевски на располагање има само еден чувар на мрежата од неговата генерација, па ќе биде принуден да земе голман од Вардаровата генерација родени “2007“ година. На турнирот ќе настапи и Фк Вардар генерација “2005“ предводена од Зоран Петковски.

Ова се сите четири групи за генерација родени “2006“ година на турнирот “Гази Баба 2015“ -Спортуваме среќни сме.

Група А

1. Смиљковци

2. Маџари

3. Форца

Група Б

1. Вардар

2. Фортуна

3. Нови Лисици

Група В

1. Металург

2. Работнички

3. Фамос

Група Г

1. Скупи

2. Нова Колонија

3. Њу Старс