Секоја среда кошаркарскиот клуб Вардар ни донесува изјава со еден од многуте членови на овој црвено-црн колектив. Денес на прашањата за клубскиот сајт одговата Павел Атанасов или познат како Џамбо. Ова таленирано момче е дел од селекцијата до 16 години на КК Вардар.
- Што те инспирираше да почнеш да се бавиш со спорт, конкретно со кошарка?
Уште од второ одделение започнав да тренирам кошарка. Љубовта кон кошарката ја стекнав гледајќи го Мајкл Џордан и другите НБА ѕвезди. Сонував, уште од најрана возраст, еден ден и јас да заиграм кошарка како нив. Секојдневните тренинзи воопшто не ми претставуваа напор, туку напротив, уживав во секој момент поминат со моите соиграчи и тренери.
2. Кој број на дрес го носиш и зошто?
Бројот 16 и нема некоја посебна симболика, но со задоволство го носам. Повеќе сум препознатлив по мојот надимак- Џамбо (се смее)
3. Со кој колега од Вардар најмногу се дружиш надвор од теренот?
4. Дали својата кошаркарска иднина ја гледаш во друга држава?
Искрено, би сакал да направам интернационална кошаркарска кариера. Европските клубови од Шпанија, Италија, Турцијa се меѓу најдобрите во светот и навистина е инспиративно да играм во некој од нив. Но, секако сонот за играње во НБА во САД е мој најголем предизвик за во иднина.
5. Според тебе кое би било врвното достигнување со КК Вардар?
6. Што очекуваш до крајот на тековната сезона?
Со напорна и посветена работа на тимовите од генерациите 2003 и 2001, очекувам влез во завршните натпревари на првенството (Final four) и секако освојување на првото место и со двете генерации М18 и М16, за кои јас настапувам.