Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Шесте вардарки оваа недела се подготвуваат со младинската селекција за двомечот со Црна Гора

Шесте вардарки оваа недела се подготвуваат со младинската селекција за двомечот со Црна Гора

selekcija-2

Во женскиот ракомет во Европа на “сила“ е ЕХФ недела (18-24 март 2019 година), во рамки на истата македонската младинска селекција ќе одигра двомеч  против репрезентацијата на Црна Гора. Селектор на оваа репрезенација е Јулијана Дамчевска. Првиот натпревар ќе се одигра на датум 22.03.2019 во 15:00 часот во спортската сала во Автокоманда, ден подоцна на  со почеток во 10:00 часот в истата сала  ќе се одигра и вториот контролен дуел.

Во оваа селекција скоро една постава, поточно шест девојки се од  Вардар станува збор за квалитетни поединки од нашиот табор кои играат значајна улога во вардаровиот тим. Сите ги одработуваат подготовките  со остатокот од селекцијата, единствено Николиќ Милица која заработи повреда викендов, го пропушти првиот тренинг, но откако и спламна отокот таа е во комбинација со останатите девојки.

Помеѓу стативите очекувано има место за девојката со најдобри перформанси од голманското трио, Симона Грујовска. Таа брани сезона за паметење во сениорската и младинската лига, па по логичен след на околностите беше да се очекува покана за неа. Во последниот дел со Спартак беше најзаслужна што тимот доби прилика од минус 7, да изедначи и нападне за победа благодарејќи на нејзините 9 одбрани во 2.полувреме.  Девојката со “храбро срце“ пикерот Џатевска Ивана, и покрај повредите кои ги задоби оваа пролет од меч во меч покажуваше репрезентативна форма. Таа играше со повреди на нозете, а потоа и на рамото, сепак секогаш “стиснуваше“ заби и даваше максимум како голем тимски играч. Исто така повреди ја мачеа и Андреа Седлоска  која мина две хирушки интервенции, но повторно игра на ниво и е дел од оваа селекција. Нашето крило, една од најефикасните  Мирјана Петковска просто “експлодираше“ оваа сезона па поканата за овој двомеч дојде како награда на нејзиниот труд и перманентен напредок. Бекот   Ана Марија Божиновска девојката со голема креативност, ракометна интелигенција и допринос во нашата игра е дел од оваа селекција, таа особено оваа пролет игра на ниво погоре. Веќе стандардната со репрезенативни повици Милица Николиќ е последната од оваа црвено-црна “шестка“ која ќе биде дел од двомечот со Црна Гора. Левиот вардаров бек подолг период е на радарот на македонските селектори поради својот квалитет.