Младиот Вардаров атлетичар забележа нова убедлива победа. На изборниот крос кантри за Балканското првенство во крос кантри кое што треба да се одржи во Чуприја Р. Србија на 5 Ноември нашиот атлетичар покажа фантастичен перформанс. Неговата форма е фанстастична во последниот период, може да се каже олимписка, бидејќи каде и да настапи остварува исклучително врвни резултати и највисоки места на пиедесталите.
Тој на изборниот натпревар настапи во категоријата до 23 години на патеката долга 8 километри. Забележа убедлива победа но финишираше и пред сениорите кои трчаа заедно со натпреварувачите во категорија под 23 години и младинци. Завировски покрај победата ја исполни и нормата зададена од Атлетската федерација на Македонија за Блакнанското првенство која изнесува 28 минути. А Завировски трчаше 51 секунда под тоа време со резултат 27:09 минути. Сега се очекува потврда од Атлетската федерација на Македонија за настапот на Завировски на претстојното Балканско првенство во крос кантри. Завировски продолжува со настапите веќе следната недела 30 Октомври на полумаратонот во Подгорица!