Вчера на терените во населбата Карпош и Кисела Вода стартуваше второто издание на силниот меѓународен турнир “Кул куп“ за генерации родени “2006“ и “2007“ година. Учество на овој турнир во двете возрасни генерации земаа и Вардаровите екипи. На првиот натпреварувачки ден забележавме убедливи победи.
Вардаровата генерација “2006“ за противник во првото коло ја имаше екипата на ФК Талент од Битола, која ја совлада со убедлив резултат од 5:1. Уште по првото полувреме ги решивме сите дилеми околу конечниот победник, кога имавме водство од 5:0. Давид Голубов и Дарко Сековски постигнаа по два гола, додека еден беше дело на Марко Николовски.
Помладите Вардарци од генерација “2007“ исто така беа убедливи на стартот од турнирот. Тие за противник ја имаа Шкендија од Тетово, која ја надиграа со резултат 7:о. Сигурна игра за избраниците на Зоран Петковски, кои доминира во текот на целиот меч. Стефан Младеновски и Борјан Томовски постигнаа по два гола. По еднаш во листата на стрелци се запишаа и Александар Грашески, Петар Мицевски и Марко Киш.
Да потсетиме дека двете генерации вчера беа дел од натпреварите во детската лига каде исто така издвојуваа победи. Теѓок беше распоредот за нашите млади надежи, но сепак квалитетот на крај доаѓаше до израз. Денес продолжуваат мечевите од второто коло на турнирот.