Денес на теренот на академијата се одигра натпреавр од петтото коло во регионалната лига, помеѓу екипите на Вардар и Шкупи. Црвено-црните триумфираа на овој меч со резултат 3:0.
Тренерот Трајановски се одлучи за следниве 11-сетмина: Стојковски, Мешковски, Трпезановски, Ѓоргоски, Марковски, Давидовски, Стојановски, Пашариковски, Мирков, Андреески, Прелоговски,
Првите десет минути од натпреаврот поминаа во доминација на Вардар, но без посериозни шанси кон голот на Шкупи. Првата голема шанса за нашата екипа ја имаше Иван Пашариковски кој излезе сам со противничкиот голман, кој не дозволи да биде совладан. Удар упати и екипата на Шкупи, но нашиот голман Лука Стојковски го брани ударот. Во продолжение од мечот се обиде и Антонио Мирков кој шутираше над голот на Шкупи. Едно невнимание во нашата одбрана можеше да не чини негатива, сепак имавме среќа во овие моменти и топката заврши над нашиот гол. Нова стопроцентна прилика за Александро Прелоговски кој имаше добра ситуација, но повторно голманот на Шкупи излезе како победник. До крајот на првиот дел се играше без посериозни шанси и на одмор се замина со резултат 0:0. Едно полувреме се играше по 35 минути.
Второто полувреме започна со уште една голема шанса за Вардарци. Од десната страна нафрли Мирков, топката во противничкиот шеснаесетник стигна до Лео Андреески, овој бие на само неколку сантиметри покрај голот на гостинскиот тим. Две измени во нашиот состав. Во игра влегоа Дарио Јовановски и Алек Сељанац, на местото на Иван Пашариковски и Дамјан Марковски. Нововлезениот Јовановски веднаш се закани кон противничкиот гол, но безопасно за противничкиот чувар на мрежата. Нова голема прилика за Лео Андреески, исто нафрлена топка од десната страна на неа наиде Лео биеше од прва, но денес расположениот голман на Шкупи е најзаслужен што неговата екипа нема негатива. Сепак неможеше вечно да биде среќата против нас. Следува евро гол на Алек Сељанас кој ја закова топката под пречката на Шкупи, за водство од 1:0 и голема радост на Вардарци. Уште една замена во нашиот состав. Во игра влезе Благоја Јаневски, а излезе Прелоговски. Од слободен удар се обиде Антонио Мирков кој биеше покрај десната статива од голот. Следува нов гол за Вардар, дело на Петар Давидовски, по центаршут на Трпезановски за веќе водство од 2:0, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите од овој меч. Сепак до крајот на мечот падна уште еден гол во мрежата на Шкупи, дело на Филип Ѓоргоски за убедливи 3:0. Овој резултат беше и конечен на крајот.
Оваа генерација на Вардар по пет одиграни кола има максимален број на освоени бодови во регионалната лига.