Денес по завршување на Купот на Македонија кој се играше во Битола, беа доделени пехарите за оваа сезона во македонското куглање. Вардар го доби долго очекуваниот пехар за ШАМПИОН ВО ЛИГАТА. По две децении го симнавме Макпетрол од тронот и ја обоивме титулата црвено-црно. Шампионскиот пехар и медалите дојдоа во рацете нашите момци, по доделувањето токму играчите на Макпетрол први честитаа. Покрај тоа и ни беше доделен и „бронзениот пехар“ за денешниот Куп.
Оваа титула очекувано ја посветија на починатиот тренер Драги Димитровски.
Наскоро повеќе фотогафии од доделувањето и од дуелите во Битола.