Најдобриот стрелец сезонава на ФК Вардар, младиот крилен играч Мартин Мирчевски во новата сезона ќе игра во Струмица, за тимот на Академија Пандев.
Мирчевски е уште еден во низата на играчи кои го напуштаат Вардар и преминуваат во екипата чии тренер е екс стратегот на ,,црвено – црните”, Александар Васоски.
Покрај Мирчевски, засега од тимот си заминаа и Петковски, Игески, Велкоски, Ѓурковски и Петејчук, додека пак неизвесна е судбината на Најденов, Лазаревиќ и Величковиќ од првотимците.