Тренерот Трпе Мартиновски максимално посветено работи со Вардаровото дете Петре Завировски. Комплетно се работи на елиминирање на неговите слаби страни и надоградување на силните страни. Интензитетот на тренинзите е многу силен. Акцентот е ставен на брзината, експлозивноста и надоградување на издржливоста. Тренираат по два пати дневно, првиот тренинг им е главен со многу силен интензитет. Додека вториот тренинг е лесен, тие достигнуваат и до 13 тренинзи неделно.
Контролните тренинзи покажуваат дека Завировски постојано ја подобрува својата форма. На Есен очекуваат подобрување на резултатите. Искачување ниво погоре.
Засега своето учество го имаат потврдено само за Охридскиот Атлетски Маратон (30км) кој ќе се одржи на 8-ми Септември. До тогаш претстои релативно долг период за подготовки. За останатите натпревари сеуште е рано да се зборува.