Вардаровиот кадет, борачот Рамазан Гаџиханов кој настапува во категоријата до 58 кг во слободен стил ги бранеше боите на Република Македонија на Европското Првенство во Стокхолм- Шведска.Тој вчера имаше борба која беше навистина впечатлива, во која имаше неколку пресврти, за жал и покрај доброто издание на крајот беше поразен од рускиот репрезентативец Ајубхан Саидалханов во квалификациите на Е.П за кадети -2016.
Македонскиот борач член на БК Вардар дуелот го отвори со водство од 3-1 на почетокот, сепак противникот кој не беше нималку наивен и е член на руската репрезенација која е светска велесила во борењето успеа да се врати во мечот со серија 9-0 во поени и да поведе со 3-10. Гаџиханов не сакаше и успеа да не се предаде и да не му даде мирен финиш на рускиот кадетски репрезентативец кој водеше со комотни седум поени, направи одлично фрлање и намали на 7-10 со што мечот повторно стана неизвесен. Рамазан во продолжение на акцијата отиде на “ се или ништо“ се обиде да го тушира противникот и да ро реши мечот, но за жал не успеа . Тоа му успеа на противникот кој го доби мечот со 7-12, но треба да се истакне дека нашиот вардарец се бореше храбро, одлучно и навистина имаше добра борба ако се знае дека тој е дебитант на вакво големо континентално натпреварување. Шансата за подобар пласман преку репасаж и можност Гаџиханов да стигне до висок пласман пропадна бидејќи русинот во 1/4-финалето беше поразен од турскиот репрезентативец Муамер Килиџ, сепак браво момче покажа дека во тебе има “матријал“ за нешто повеќе и очекуваме низ напорна работа со стручните лица во БК Вардар да се надоградуваш во иднина, воедно браво и за црвено-црниот клуб кој со свои стрества успеа да го исфинансира овој настап на Е.П. Оваа деби борба на големите континентални натпреварувања за нашето момче може да ја погледнете на следното видео: