Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Балотели ќе биде задолжен да ”тресе”
Балотели ќе биде задолжен да ”тресе”

Балотели ќе биде задолжен да ”тресе”

Денеска со почеток во 20 часот и 45 минути во Загреб ќе биде одигран реванш дуелот помеѓу шампионите на Македонија односно Хрватска, Вардар и Динамо. Нашиот тим иако одигра одличен меч во Скопје, сепак на овој натпревар ќе брка негатива од два гола.

Речиси сигирно е дека во стартниот состав на Вардарци ќе има три измени, од оној почетниот состав кој му се спротистави на Динамо во Скопје. Поради повреда, односно вирус, дефанзивците на Вардар Горан Попов и Немања Мијушковиќ нема да настапат на денешниот меч. Веќе е познато дека на нивно место ќе настапат Новак и Глишиќ. Од друга страна пак, кога е во прашање нападот, Вардар тука ќе прави една замена. На местото на младиот Петар Петковски овој пат задолжен за голови ќе биде Џонатан Балотели, кој во Скопје влезе во игра во вториот дел, а имаше и две одлични можности за гол. Официјалниот стартен состав на Вардар го очекуваме еден час пред мечот.