Г-н Љубиша Пешко по новонастанатата ситуација во БК Вардар се обрати до јавноста. Како што е познато на легитимно собрание беше избран за претседател на БК Вардар, поради запазување на процедурата и легитимноста тој беше впишан во Централниот регистер. Сепак овие денови се случи помалку необичен потег, ЦРМ впиша друго име на г-н Чедо Николовски на таа фунција.
Овој потег може да кажеме дека покрај нелогичноста затоа што веќе беше признаена легитимноста на проф.Пешко како претседател е доста конфузен и во најмала рака неприципиелен, да не речеме криминален. Централниот регистер донесе одлука со која укина претходна своја одлука за легитимност, нешто што е сосема неразбирливо. Пешко повика на воздржаност, истрајност и легалистички пристап на сите учесници како единствен пат до правно и правилно окончување на оваа ситуација. Во продолжение неговото соопштение:
Ги молам сите членови на собранието на БК ВАРДАР , сите љубители, симпатизери, родители и активни членови да се воздржат од коментари и разноразни провокации за новонастанатата ситуација .
Не се секирајте , било кој да е на раководна функција или официјално раководител- ТРЕБА ДА СЕ ПОЧИТУВА и уважуваат неговите одлуки и решенија .
Не дозволувајте НИКОЈ од типот на негативните сили и провокаторите да се причина за нашето недоразбирање и несогласност.
6 години упорно самостојно финансирам во успесите на БК ВАРДАР и најдобрите резултати за Македонското борење ( во последниов период 2013 – 2019 ) сме ги постигнале НИЕ .
( докази се најдобрите мегународни резултати и прогласени најдобри борачи во Македонија ).
Жално е што профитерите и раководните луге поради лична садисфакција ги запоставија интересите на НАШИОТ КЛУБ , бескрупулозно уништуваат генерации спортисти и активисти , но ВАРДАР ке успее , без оглед на негативностите , слабостите и непријателите .