Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > (ФОТО) Македонија и во втората „контролка“ подобра од БиХ
(ФОТО) Македонија и во втората „контролка“ подобра од БиХ

(ФОТО) Македонија и во втората „контролка“ подобра од БиХ

Уште една победа за репрезентативките на Македонија до 19 години кои во подготовките за настап на ЕХФ-шампионатот во Литванија одиграа втора контолка со  БиХ. На овој  вториот меч  одигран во Мостар тие победија со резултат  со 30:28.

На првиот дуел правевме пресврт, на овој имавме   водство и во првиот дел. Македонија имаше предност после 30 минути од 15:12. Сите линии одиграа добро, сепак голманките треба да е истакнат бидејќи не беа совладано од 8 удари од линијата од 7.метра. Во редовите на  црвено-жолтите се пет вардарки: Џатевска, Илиќ, Седлоска, Божиновска и Трпевска.

 Повторно Ивона Трпевска беше фантастична, таа погоди шест пати и беше втор стрелец на овој дуел. Десно крило игра на високо ниво и се покажа како вистински избор за таа позиција иако е деснорака, па   при ударите има значајно намален агол што не ја намалува нејзината ефектност. Таа на двата контролни меча погоди 11.пати.

1 2 3 4 5 6 6p 7 7a 8 9 10 10g 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 33 34