Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар тргна со победа, совладан тимот на Работнички
Вардар тргна со победа, совладан тимот на Работнички

Вардар тргна со победа, совладан тимот на Работнички

Екипата на Вардар ги отвори летните тест дуели со победа. Попладнево на теренот во Хиподром, Вардарци победија со резултат 2:1 (0:0). Головите за нашиот тим ги постигнаа Џемал Ибиши и Даниел Аврамовски од пенал, во вториот дел.

По победата, Вардар продолжува да се подготвува во Скопје се до 17-ти јули, кога е предвидено целиот тим заедно со стручен штаб да заминат на главни подготовки во Рогашка Слатина, Словенија.

Во Словенија Вардар веќе договори и еден тест дуел, а тоа е против тимот на Кашимпаша од Турција на 31 јули.