Играчите на кошаркарскиот тим „Вардар“, Алек Петковски и Павел Иванов ќе бидат дел од репрезентацијата на Република Македонија до 18 години.
Оваа црвено-жолта кошаркарска селекција ќе се натпреварува на претстојното Европско првенство (А дивизија). Овој континентален собир ќе се одржи во Измир, република Турција. Истиот започнува утре, 30 јули и ќе трае се до 7.август.