Во периодот од 16-20.август ќе се одигра „јубилејното“ 50.издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга. Веќе се познати и групите на турнирот, Вардар е дел од групата Б заедно со екипите на Алкалоид, Целје и Бутел.
Црвено-црните се актуелен освојувач на истиот, откако во ланското финале беа подобри од екипата на Еурофарм Пелистер.