После девет години поминати во Вардар и освоени две Европски титули, Тимур Дибиров се реши да ја промени средината и да се пресели во екипата на ППД Загреб.
Во изјава за хрватските медиуми, Дибиров го откри „виновникот“ за неговиот премин во Загреб, истакнувајќи дека го сака ракометот и додека се чувствува подготвен ќе продолжи да игра.
-Не мислам на годините, бидејќи го сакам спортот, го сакам ракометот. Никој не може да каже кога ќе одам во пензија. Би сакал да се врати публиката на трибините, како што во Хрватска сите навиваат за репрезентацијата, така во Загреб сите да навиваат за ракометниот клуб.
Чупиќ е негов поранешен соиграч од Вардар и двајцата беа дел од најголемите успеси во Вардар, а сега ќе се обидат во Загреб да направат нешто слично.
-Кога ми се јави Чупиќ и ми објасни сè, сфатив дека сакам да бидам дел од овој проект, не е доволно да си силен само на хартија. Да беше сè така лесно, секоја година ќе победуваа Барселона, ПСЖ и Кил“,