Избраниците на Драги Димитровски кугларите на Вардар во петок рано наутро ќе замиат за градот Бања Лука-Република Српска (БиХ). Тие ќе настапат на силен меѓународен турнир во Босна каде покрај нив ќе учествуваат и три други одлични кугларски колективи. Репрезентацијата на Словенија, домаќинот и шампион на Босна и Херцеговина во куглање екипата на КК Ревита и шампионот на нашиот северен сосед, Србија екипата на КК Београд.
Според програмата на овој турнир во сабота ќе биде свечено отварање на манифестацијата во куглана“Енергомонт“- во Бања Лука. Домаќинот на манифестацијата прославува дваесет години од формирањето. Потоа сите четири екипи ќе одиграат заеднички меч помеѓу себе на кој ќе има прилика публиката која ќе присуствува да гледа многу мајстори на оваа игра од балканските простори. Публиката ќе може да ги погледне и нашите момци, мајсторите на оваа игра: Димитровски, Влаќевски и останатите. Следниот ден ќе се одиграат два дирекни пријателски меча во првиот домаќинот ќе одигра меч со селекцијата на Словенија, а во вториот црвено-црниот кугларски колектив ќе се сретне со шампионот на Република Србија (земја чија репрезенација е шампион на “стариот континент-Европа“) кугларскиот тим “Београд“. Ова ќе биде одлична прилика за вардарци да одиграат квалитетни контролки пред есенскиот предизвик во “Светскиот куп“ кој се игра во Италија и каде ќе се судриме со 14 шампиони на држави од европскиот континент.