Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски го соопшти списокот на репрезентативци на кој ќе смета за натпреварот против Албанија во Скадар. На листата на селекторот Ангеловски се најде и еден наш играч. Oдличните настапи во ”црвено – црниот” дрес, и на натпреварите против Динамо Загреб, беа причина повеќе за Ангеловски во составот да го стави и Стефан Спировски. Повикани играчи:
Столе Димитриевски (Гимнастик)
Костадин Захов (Шкендија)
Стефан Ристевски (Ријека)
Кире Ристевски (Ујпешт)
Леонард Жута (Ријека)
Даниел Мојсов (АЕК Ларнака)
Ванче Шиков (Нефчи)
Милорад Петровиќ (Осијек)
Остоја Стјепановиќ (Сласк Вроцлав)
Стефан Спировски (Вардар)
Никола Ѓорѓев (Грасхоперс)
Езгијан Алијоски (Лугано)
Ферхан Хасани (Шкендија)
Агим Ибраими (Астана)
Илија Несторовски (Палермо)
Бесарт Ибраими (Шкендија)
Горан Пандев (Џенова)
Иван Тричковски (АЕК Ларнака)