Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > АТЛЕТИКА! Завировски новиот атак го стартува во Кавадарци

АТЛЕТИКА! Завировски новиот атак го стартува во Кавадарци

Во Сабота на 27ми Август ќе се одржи меѓународна трка во Кавадарци “Born to Run“. Трка со која започнува ново поглавје во кариерата на младиот Вардарец Завировски Петре. Изминатиот период помина низ пеколни тренинзи. Се наоѓа во одлична форма која постојано оди во нагорна линија.

На програмата има три дисциплини: трка  на 3 километри, на 5 километри  и најдолгата на 10километри . Нашиот Црвено-Црн атлетичар Петре Завировски ќе настапи на трката на 10км. Стартот на трката е во Витачево, а целта е на плоштадот во Кавадарци. Ова ќе биде првата трка, првиот атак, од вториот дел на сезоната во која младиот Вардарец влегува со големи амбиции. На трката во Кавадарци која е од меѓународен карактер веќе има пријавено тркачи од Белгија, Велс (Велика Британија), Естонија, Јордан, Русија, Шпанија, САД.