Денес ќе биде отворен ден во академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Сите родители чии деца се запишуваат да тренираат во најголемиот Македонски клуб ќе имаат можност да се запознаат со условите во кои ќе работат нивните деца, како и програмата на спроведување на тренинзите. По тој повод вчера беа одржани и родителски средби. Во програмата се вклучени и теоретски предавања на кои особено им обрнуваме внимание, а истите се одржуваат во специјално опремените предавални кои се дел од современата инфраструктура на Фудбалската Академија.
Потсетуваме дека секој кој има желба да тренира фудбал во Вардар, тоа може да го стори до 31-ви август кога истекува рокот за запишување. Академија нуди неверојатни услови и тренери кои се докажани за оваа работа. На сите деца ќе им биде дадена шанса да го докажат својот фудбалски талент и еден ден да го исполнат својот сон – да бидат фудбалери на Вардар и на репрезентацијата.
БИДЕТЕ И ВИЕ ДЕЛ ОД ГОЛЕМОТО СЕМЕЈСТВО НА ФК ВАРДАР !